Newsletter

YOUTH THERAPY Хидратантен крем против брчки за кожата околу очите со слуз од полжав и 24-каратно злато - 50ml

Хидратантен крем против брчки за кожата околу очите со слуз од полжав и 24-каратно злато
SKU: 91606
Manufacturer: Bielenda
690 ден

Подмладувачка нега на зрела кожа со екстракт од слуз од полжав и 24 каратно злато

YOUTH THERAPY е иновативна козметичка линија производи за нега која е создадена да одговори на специфичните потреби на зрелата кожа. Исклучително ефикасни и оргигинални формули кои се базираат на најновите козметички откритија: екстракт од слуз на полжав кој што обезбедува длабинско регенерирање на кожата. Покрај слузот од полжав кој што е главна компонента на производите од оваа колекција, формулите се збогатени и со 24ри каратно злато и други скапоцени активни состојки кои што гарантираат длабинска хидратација на кожата и помагаат во успорување на процесот на стареење и помагаат на кожата да го задржи својот младешки и здрав изглед.

Екстракт од слуз од полжав – помага во регенерирање, подмладување и длабинско хидратирање на кожата и го обновува и израмнува природниот тен на кожата.

Екстрактот од слуз од полжав содржи: алантоин, кој што ја стимулира регенерацијата на епидермисот, интензивно хидратира и ги смирува различните кожни иритации; протеини кои што длабински ја потхрануваат кожата, ја израмнуваат и ја подобруваат структурата на кожата и го враќаат сјајот на уморната и сива кожа; колаген и еластин кој што ја прават кожата позатегната и поеластична, заштитувајќи ја од појава на брчки и опуштање. Витамини А, С и Е кој што ја потрануваат и регенерираат кожата со моќен ефект против брчки. Гликолна киселина која што ги успорува процесите на стареење на кожата, ја освежува и регенерира кожата и го намалува лачењето на себум. 

Дејство: Кремот за зоната околу очите обезбедува ефикасна нега на најфината и најделикатна кожа. Ја затегува и ревитализира зрелата кожа околу очите. Ги измазнува брчките, затегнува и длабински хидратира. Ги намалува темните кругови под очите и ефикасно ја заштитува кожата од брзото стареење.

Исто така содржи и хијалуронска киселина со ниска молекуларна тежина - моќна хидратирачка состојка која има способност да навлезе во длабоките слоеви на кожата. Како резултат на тоа, кожата е интензивно навлажнета одвнатре - станува помазна, позатегната и поеластична.

Ефект: Мазна, добро хидратирана кожа околу очите.

Начин на употреба: Секое утро и навечер нанесете ја кремата на исчистена кожа во областа околу очите.