RSS

Постови на блог '2018' 'јуни'

Масло од макадамија - најновото „старо“ откритие за природна убавина

Маслото од макадамија има неверојатни својства кои ја истакнуваат природната убавина на кожата и косата. Ова прекрасно масло со светло златна боја кое ни доаѓа од далечната Австралија има револуционерен подмладувачки ефект врз кожата и е предуслов за здрава и сјајна коса. Маслото од макадамија е помалку познато за разлика од останатите масла како арган, јојоба или кокос, но тоа не го прави и помалку ефикасно. Допрва се преоткрива неговото неверојатно ревитализирачко дејство не само врз кожата и косата, туку и врз целиот организам доколку се внесува заедно со останата исхрана. Се добива од плодовите на едно дрво кое расте исклучиво во Австралија и е откриено пред повеќе од 500 години од страна на австралиските староседелци - Аборџините. За нив плодовите од макадамија претставувале една од основните прехранбени производи, средство за трговија, медицина и козметика.

Маслото од плодовите на макадамија содржи витамини А и Е и поседува 80% здрави незаситени масни киселини, што го прави слично на кокосовото масло. Во мала количина се присутни омега-6 масни киселини, додека на заситени масни киселини отпаѓа само 16% од вкупната содржина. Маслото од макадамија изобилува со палмитолеинска киселина, која е една од најмоќните антиоксиданси и помага во спречувањето на штетното влијание на слободните радикали кои се причина за предвременото стареење на кожата. Исто така содржи и олеинска киселина која е задолжена за регенерацијата на кожата и која го прави ова масло поиздржливо на надворешните влијание. Понатаму содржи и омега 3 и 6 масни киселини и два многу важни витамини задолжени за одржување на убавиот изглед од групата B (B3 нијацин  и B1 тијамин).

Маслото од макадамија е исклучително ефикасно кога станува збор за убавината, здравјето и негата на косата. Спас е за сува, оштетена и коса без сјај. Благодарение на големиот процент на витамин Е во маслото од макадамија, го обновува кератинот во влакното и на тој начин го забрзува обновувањето на косата и длабински ја потхранува. По употребата на козметички производи со масло од макадамија косата ќе добие неверојатен сјај, станува помазна и полесна за расчешлување. Со оглед на тоа што маслото од макадамија активно и ефикасно ја ревитализира косата, таа побрзо расте и е поздрава.

Дезодоранси или антиперспиранти – што да одбереме за ефикасно да се справиме со непријатната миризба?

Кристалните (минерални) суви дезодоранси од ден на ден стануваат се популарни. Некои тврдат дека тие се најдоброто нешто што некогаш го пробале, додека други не се подготвени да експериментираат и сакаат да се држат до класичните дезодоранси и антиперспиранти. Тоа не потикна да истражиме повеќе на темата и да ги откриеме разликите помеѓу минералните суви дезодоранси и класичните антиперспиранти и што ги прави минералните суви дезодоранси толку посебни?

Првенствено, да ја разјасниме разликата помеѓу кристалните дезодоранси и антиперспирантите. Дезодорансите се создадени да ја елиминираат и неутрализираат миризбата на телото предизвикана од потење. Високо квалитетните дезодоранси ги уништуваат и го спречуваат размножувањето на бактериите кои се одговорни за непријатниот мирис, додека дезодорансите со низок квалитет едноставно го маскираат мирисот на потењето. Антиперспирантите од друга страна го запираат или значително го намалуваат потењето и на тој начин го спречуваат појавувањето на непријатниот мирис и го спречуваат развојот на бактерии, заради намалувањето на влажната средина која им е најпогодна за нивен развој.

Антиперспирантите со тоа што го запираат потењето, не му дозволуваат на телото да се ослободи од токсините и ја попречуваат природната терморегулација на организмот. Иако антиперспирантите претставуваат ефикасна заштита против непријатниот мирис на телото, нивната честа употреба не се препорачува. Антиперспирантите во својот состав содржат алуминиум хлорохидрат и други хемиски соединенија кои реагираат со електролитите во потта и се таложат во потните жлезди, заедно со токсините кои заради спречување на процесот на потење не се исфрлиле од нашето тело. Како резултат на тоа, антиперспирантите може да предизвикаат иритации, па дури и воспаление на потните жлезди (хидратинитис). Покрај тоа  луѓето кои често ги користат антиперспирантите, особено во врелите летни денови имаат зголемен ризик од топлотен удар, заради нарушената терморегулација на организмот.

Кристалните суви дезодоранси се безбедна замена за антиперспирантите и повеќето дезодоранси на пазарот. Тие се исто така познати како минерални дезодоранси, природни дезодоранси или природен камен кристал од алунит. Кристалните дезодоранси се ослободени од алуминиум хлорохидрат, алкохол, цинк оксид, триклосан и други потенцијално штетни или иритирачки соединенија, парабени, алкохол и сл. кои можат да предизвикаат алергиски реакции, воспаленија итн. Нивната клучна состојка е калиум алум (potasium alum) или народно кажано алунит или стипса, природен сулфатен минерал, кој дури се употребува и во прехрамбената индустирија и при одгледувањето на некои земјоделски култури, кој има изразено антибактериско и антисептичко дејство. Го спречува размножувањето на бактериите кои се главни „виновници“ одговорни за миризбата на телото без да влијаат на природниот процес на потењето и терморегулацијата на организмот. Кристалните дезодоранси се нежни и безбедни и не предизвикуваат кожни иритации и алергии, економични затоа што минералните соли постепено и бавно се раствораат, со што еден кристален дезодоранс може да го употребувате и повеќе години и се со неутрален мирис и претставуваат одлична подлога за Вашиот омилен парфем.

Покрај кристалните дезодоранси во поново време на пазарот се појавуваат и дезодоранси во форма на стик или рол-он на база на природни билки како Алоето, без никакви штетни метали, алкохол, парабени и сл кои се препорачуваат за исклучително нежна кожа која лесно се иритира и воспалува од потта. Покрај справувањето со непријатната миризба, билките и етеричните масла помагаат овие воспаленија и флеки да се смират и да се ублажат.

За крај би сакале да додадеме дека без разлика дали ќе одберете антиперспирант,  кристален сув дезодоранс, стик на база на билки или етерично масло не треба да се заборава на личната и редовна хигиена, исхраната, здравиот начин на живот кои се исто така фактори кои што најмногу влијаат на непријатната миризба и доколку не обрнеме внимание, ниту еден козметички производ нема да ни помогне.